Радио Милева
необична масажа

„ Ме згази цела“ – Јана Тодоровиќ шокираше со својата исповед по враќањето од Дубаи (фото)

„ Ме згази цела“ – Јана Тодоровиќ шокираше со својата исповед по враќањето од Дубаи (фото)

Јана Тодоровиќ е една од најбараните пејачки ова лето на црногорското приморје, а екипата на Гранд портал неодамна ја сними пејачката како создава неверојатно добра атмосфера во бар на плажа кај Улцињ.

– Нашата летна сезона започна пред едно, три, четири дена. Работиме секој ден, секој ден сме во различен град. Денес имав дури и дневна свирка во Улцињ и беше навистина феноменално. Се надевам дека и вечерва ќе биде добро посетена, а сигурно дека ќе има многу квалитетна музика – изјавила пејачката за Курир пред настапот во еден клуб во Будва.

Јана летово работи напорно, но успева да биде секогаш свежа и се труди да го сокрие уморот на лицето.

– Со оглед на тоа што не спиев три-четири дена, користам некои пудри за да ги сокријам темните кругови и се останато – искрена е Јана.

Пејачката открила и дека додека неодамна беше на одмор со семејството во Дубаи, доживеала необична масажа.

– Беше одлично, феноменално. Бев со семејството и пливавме. Сите го избегнуваат Дубаи во јули и август и тоа за мене е навистина феноменално. А што се однесува до масажата, беше, добро, болно добра. Девојката, па… ме налути, ме згази цела. Бевме тројца во една соба, мојот сопруг, јас и мојата снаа. Постојано нешто крцкаше по мене – рекла Јана.

Фото: Принтскрин/Гранд.рс/Z.K.Munja

Останати вести од Радио Милева