Пејачката Ели Брук својата кариера ја изгради како член на групата “Fifth Harmon“, а сега во едно интервју откри дека се уште е девица и така ќе остане додека не стапи во брак.
„Навистина сум среќна што со своите фанови можев да ја споделам одлуката која ја донесов, а тие нека прифатат како сакаат“, вели таа и додава дека поради тоа наишла на многубројни осуди и коментари.
„Имаше моменти кога луѓето ми се ја исмејуваа или не ми веруваа, но едноставно тоа јас морам да го имам во моето срце, ја знам вистината и само да пуштам така да биде. Неверојатно е чувството кога ќе видиш дека некој тоа го почитува. Никогаш не почувствував притисак“, вели Ели.
Поранешните момци ја почитувале нејзината желба, но сепак колегите на работа ја исмејувале.
„Бев потполно понижена, шокирана и згрозена. Не чувствував дека имам било каква моќ да направам нешто кога тоа е во прашање бидејќи луѓето во тоа време знаејаа за тие работи, но не правија ништо да ги спречат“ вели пејачката за “Hollywood Raw” и додава:
„Луѓето не одговараа за своите постапки. Се чувствував сама. Само понижување и страв. Што можев тогаш да направам? Бев само едно девојче во група, сите тие луѓе имаа моќ“ заклучува Ели.