Иако е во врска со колегата Харис Берковиќ, на пејачката Рада Манојловиќ се уште и се додворуваат други.
Рада во емисијата „Амиџи шоу“, открива дека и се додворуваат и жени, а дека едно такво искуство никогаш нема да го заборави.
-Ми се додворуваа жени. Со една беше вистински хаос. Јас во тоалет, таа до мене! Јас не ја ни познавам! Тоа се случи на еден настап. Девојките се понападни од мажите, тоа е сигурно, вели Рада пред широкиот аудиторум.