Пејачката отсекогаш знаела дека ќе се занимава со музика.
Драгана Мирковиќ зад себе има речиси 40 години кариера, а уште како мала покажала јасни склоности кон музиката.
Така, на Инстаграм можете да ја најдете фотографијата од детството на Фолкерка на која ретко кој би ја препознал. Носејќи гитара во рацете, Мирковиќ ги забавувала соучениците.
View this post on Instagram
„Драгана Мирковиќ, трето одделение основно училиште“, стои во описот на сликата.
Пејачката еднаш проговори за нејзините почетоци.
„Еднаш како дете бев срамежливо и скромно девојче, пеев фолклорно и се плашев да излезам на сцена. И тогаш наеднаш дојдоа првите луѓе од ПГП да ме замолат да направам плоча. Бев преплашена. Сепак, се согласив бидејќи ми беше бескрајно досадно во мојот мал живот“, изјави претходно Драгана, пренесува Мондо.рс
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Естрадни времеплов/Ата Имаџес