Радио Милева букетите се строго забранети

„Мажите да заработат и да и купат соодветен подарок, жената цвеќињата може само да ги фрли!“: Јована Јеремиќ сама се почести скап подарок (фото)

„Мажите да заработат и да и купат соодветен подарок, жената цвеќињата може само да ги фрли!“: Јована Јеремиќ сама се почести скап подарок (фото)

Водителката Јована Јеремиќ денеска го прославува денот на жената, а по тој повод се почести со скап подарок.

Јована пазарела пред 8-ми март, а како што вели, се друго што  добива смета дека бонус. 

– Не се надевам, сама ги остварувам сите мои соништа. Се што ми доаѓа преку тоа е само бонус, велам „Го сакам Бога, а потоа Бог ме сака преку некој посебен“. Веќе си купив подарок. Купив „брутален“ парфем, многу скап. Уникатно е, никој го нема. Направено од кокос, манго и шлаг, тоа е лудост. Има и ванила – откри Јована која е експлицитна дека мажите „мора да бидат иновативни“ за 8 март.

– Тоа значи дека не трпам цвеќиња, дека мажите не можат евтино да се извлечат за осми март. И воопшто, во животот, бидејќи нивна работа е да заработат пари. На жената треба да и купат соодветен подарок. Жената не може ништо со цвеќињата, освен да ги фрли во канта по третиот ден. Подобро купете ѝ свилени чорапи, покорисни ќе ѝ бидат ако ги има. Што се цвеќиња, за што се тие? – праша водителката, каде букетите се строго забранети.

Фото: printskrin/instagram/jeremicjovana

 

To top