Мегафон по стапките на татко му

Матеј, синот на Кирил Џајковски продуцираше песна за популарната хит серија на „Нетфликс“ – „Inventing Anna“

Матеј, синот на Кирил Џајковски продуцираше песна за популарната хит серија на „Нетфликс“ – „Inventing Anna“

Македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски,  станува се’ поуспешен во Лос Анџелес, каде живее и работи.

Деновиве, тој е актуелен со песната „Аbout That Time“ во изведба на THEY, која е продуцирана токму од Матеј Џајковски. Оваа песна е дел од музиката за една од најгледаните серии на платформата Нетфликс во моментов – „Inventing Anna“.


Младиот музички продуцент кој инаку е син на еден од основоположниците на балканската електронска музика – Кирил Џајковски, веќе долги години живее и работи во САД. Тој дипломирал музичка продукција на Академијата за современа музика на Универзитетот во Оклахома, а оттогаш имал повеќе успешни музички проекти со македонски, но и светски артисти.

To top