Секојдневието на светот доби име, на сите толку многу добро познато –Ковид 19, а истото сите толку многу чекаме да го оставиме зад нас и да го заборавиме.
Но, речиси цела 2020 година е тетовирана со овој ненаситен вирус кој не знае за доста, но секое нешто има крај, а тоа веруваме дека ќе биде случај и со коронавирусот кој по крајот на 2020 година, гориме од желба да го испратиме!
Пејачката Верица Пандиловска не е активна на музички план како и повеќето свои колеги од естрадата, но затоа пак е доста активна кога е во прашање одржување на позитивната енергија, здравиот и спортски дух, имунитет, ментална хигиена… во време на коронавирус.
Верче постојано спортува на кејот на Вардар и секојдневно има мотивирачка порака до нејзините пријатели и следбеници на Фејсбук кои ги мотивира да излезат од дома или своите канцеларии и да се рекреираат. Она што таа го забележа е дека на спортската патека на кејот, има повеќе мажи, а жените речиси воопшто и да ги нема.
-Дали е можно на кеј да трчаат само мажи? Значи неколку дена по ред, ниедна девојка, жена, девојче нема ….. освен оние на електрични тротинети….цццц……а еден куп мажи трчаат.
Кој рекреативно, кој се мачи да симне некое кило… Што да речам е одвишок…ние жените сме многу чудни ама и посебни. п.с. Маска немам, нема народ безбедно е, пипува Верица.
Ова е нејзина секојдневна пракса за подобро утре, а истото му го предложува на сите, секој ден со различна порака и фотографија од истото место.
-Во денешнава ситуација сите рабориме од дома или на смени во канцеларија еден по еден…..Дали денеска излеговте од удобноста на сопствениот дом? Во услови кога сме приморани на он-лајн работа се претворивме во мечиња кои хибернираат на зима. Да резимираме! Секаква физичка активност е подобра отколку никаква! Да излеземе од зоната на комфор е најтешко. Резултатот е секогаш надвор од неа, додава таа.
Негативна енергија од ова стресно време имаме насобрано премногу, па затоа и ни треба повеќе ментална хигиена и физичка активност за да бидеме поотпорни на злото на денешницата.