Русинката Маша се појави пред неколку години на македонската сцена и по неколкуте одлични песни покажа дека е зрела за големи нешта.
Бидејќи музиката нема граници, младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат.
Ако се прашувате зошто токму од Валенсија, затоа што Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов – музиката.
„Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е автор на текстот, додека пак на музиката и аранжманот ги потпишуваат Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски.
„Морам да кажам дека сум горда на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат“ – вели младата Маша.
Разбирливо, Маша за „Voices“ сними и видеоспот, а довербата и овојпат му ја даде на добро познатиот Даниел Јовески кој повторно направил ново мало ремек-дело.
Слушнете ја, погледнете и споделете… Ова е Маша со нејзините „гласови“: