„Златокоса“ е новата песна која претендира да биде новиот летен хит на последниот победник на „Макфест 2019“, талентираниот македонски пејач Мартинијан Кириловски.
Младата ѕвезда на „Гранд“ ја издаде песната за неговата матична куќа „Гранд продукција“, а се’ уште се свежи сеќавањата кога тој со своите настапи на „Ѕвездите на Гранд“, ја правеше горда македонската публика која едвај го дочека новиот проект на Мартинијан во вид на песна и видеоспот. Неговата режија како и комплетното авторство го потпишува Даниел Јовески.
Особено се симпатични сцените во кои младиот пејач играа со убавата девојка, која е негова „Златокоса“, чија улога во видеото ја игра моделот Елена Ѓоговска.
Автор на музиката и аранжманот е Иле Спасев, додека стиховите ги напишале: Даниела и Никола Хаџи- Тоневски. Придружните вокали во песната заедно со Мартинијан ги пее Сара Николовска.
Станува збор за песна во брз летен ритам, која несомнено ќе ги освои срцата не само на македонската, туку и на балканската публика со оглед на тоа дека е испеана на српски јазик.