Некогашната македонска водителка на „Бекстејџ“, моделот Мартина Михајловска кон крајот на месец април 2019 ја роди ќерката Алана.
Мартина и Виктор уживаат во времето поминато со нивната ќеркичка.
Меѓутоа, Мартина е резервирана за својата приватност, па многу ретко објавува фотографии од својот приватен живот.
Сепак, Мартина овој пат направи исклучок и сподели фотографија со нејзината две годишна ќеркичка и покажа колку потпораснала.
Имено, моделот на својот „Инстаграм“ објави како заедно со својата ќерка уживаат на снегот и зимскиот период.
Maјката и ќерката позира облечени во зимска опрема и седнати на снегот.
За потсетување, Мартина и охридскиот бизнисмен Виктор Илоски запливаа во брачните во октомври 2018 година.