Радио Милева

Мартин Вучиќ за татка си: „За мене секогаш татко над татковците!“

Мартин Вучиќ за татка си: „За мене секогаш татко над татковците!“
фото:мартин вучиќ/фејсбук

На почетокот на месец мај почина македонскиот музичар, композитор и водител Драган Вучиќ.

Неговата смрт беше последица на коронавирусот со кој Драган се инфицираше и не успеа да се избори.

Денес по речиси еден месец откако почина на Инфективната клиника во Скопје, неговиот син, музичарот и актуелен директор на Народниот ансамбл „Танец“, Мартин Вучиќ, уште еднаш сакаше да потсети кој беше неговиот татко Драган за останатите, но најмногу за него.

„За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште…. За мене секогаш татко над татковците!“ – пишува Мартин на својот Фејсбук.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/koj-beshe-dragan-vuchikj-i-shto-se-ostavi-zad-sebe-foto-video/

За потсетување, од корона вирус беше заразена и мајката на Мартин и соопруга на Драган Вучиќ, Весна, која успеа да се излекува со крвна плазма.

Останати вести од Радио Милева