Новогодишните празници помина,, пред нас е Божиќ. Речиси сите Новата 2021-ва година ја поминавме во домашен амбиент, со семејството, децата, родителите, со пријателите… лимитирани во бројката на славеници и во начинот на славење. Затоа Новата 2021 -ва може да се каже дека повеќе ја одбележивме дека пристигна, отколку што ја славевме. Не барем онака, како што досега тоа повеќето од нас го правеа…
И додека во меѓувреме православните христијани го чекаат доаѓањето на најголемиот празник, рождеството Христово – Божиќ, некои имаа причина за славење помеѓу двата датума. како еден од близнаците од братското дуо „Некст Тајм“ на пример, гитаристот мартин Филиповски. Или поточно, музичарот повеќе имаше повод и причина за радост и честитање, а славеше таа… неговата поубава половина.
Имено, Мартин безмалку 6 години е во љубовна врска со една исто така позната дама, македонската ракометарка и репрезентативка, кичевчанката Андреа Белеска. Иако не се 24/7 заедно, зашто Андреа игра ракомет во Шведска, како членка на прволигашот „Боден“, сепак, секој слободен миг, пауза, распуст, одмор… го користат да бидат заедно.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/martin-od-nekst-tajm-i-negovata-devojka-andrea-predizvikaa-brua-od-komentari-na-socijalnite-mrezi-a-prichinata-beshe-vazna-i-golema-foto/
Неретко патувајќи на егзотични дестинации по белиот свет. Коронавирусот годинава можеби им ги поремети плановите, па ниту Мартин, ниту Андреа јавно не обзнанија дали заедно ја дочекале и Новата 2021 година, но затоа гитаристот објави нешто друго.
Мартин од „Некст Тајм“ сонце го грее и среде зима, меѓу Божиќ и Нова Година… и тоа не едно, туку во истовреме го греат сонца две! Таков е барем симбоилично описот на фотографијата која ја споделил на својот Инстаграм со која и го честита роденденот на својата сакана Андреа, која е сликана во еден прекрасен езерски пејсаж на зајдисонце.
„Изгрејсонцето и зајдисонцето заедно во една слика. Среќен роденден љубов моја“ – напишал Мартин во роденденската порака збогатена со љубовно-славенички емотикони во вид на срце, конферти и роденденска торта.
Претходно, близнаците од „Некст тајм“ нпреку својата официјална Фејсбук страница на своите обожаватели, но и на сите останати им честитаа Нова Година, посакувајќи здравје, среќа и насмевки на сите лица и ветија многу квалитетна македонска музика во 2021-ва!
За некаков потпис не стана збор… Засега Андреа својот потпис го има ставено само на професионалниот договорот со клубот.
Ниту таа ниту Мартин, оној брачниот потпис во книгата на венчаните, се’ уште не го наговестиле… А речиси „6 години стана, како ги зафана, нивната љубов…“!
Ама кој да знае… Можеби, токму во 2021 може лесно да се случи: „Нешто ќе те питам злато, право да ми кажеш…“!