Младата поп пејачка Мартија Станојковиќ деновиве нè почести со уште една нова песна насловена „За сите нас“, а за сето тоа да ја добие вистинската смисла, сите кои сакаат ќе имаат можност да бидат дел од видеото што ќе ја дополни оваа позитивна тема.
Имено, талентираната кумановка им постави предизвик на своите обожаватели да се снимаат со своите мобилни телефони, фотоапарати или камери додека се забавуваат со во ритамот и звуците на нејзината новата песна, а најдоброто од сите пристигнати снимки ќе биде спакувано во една новогодишна честитка „За сите нас!“
Инаку, новата песна е дело на Марко Маринковиќ – Слаткаристика и Иван Јованов – Ивајо, а претставена е во пакет со (првото) видео што го изработи Томислав Живковиќ, а го продуцираше „Иноватива груп“.
Како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение и не заборавајте да ги испраќате вашите снимки: