Младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ веќе не е малолетна. Шармантната кумановка го прослави својот 18-ти роденден, а со тоа и своето полнолетство. Прославата уште пред да се случи, започна дома!
А кој друг прв ќе ти го честита еден од клучните родендени, кога од дете стануваш возрасен, од девојченце девојка и жена, ако не мајка… Зашто една е на светот!
А мама Снежана на најубав начин и го честиташе роденденот на свјата мезимица Мартија… Меѓудругото и јавно на својот Инстаграм профил:
„Овој ден за мене епосебен, на мојата убавица 18-ти роденден. Да си ми жива и здрава, среќна и упсешна… Те сака мама“ – напишала мајката на Мартија во нјзината роденденска честитка до полнолетната ќерка.
А „денот што го чекаме цела година“, особено ако е еден од најбитните кој важи за пресвртница во животот, мора да се дочека во полн сјај. Затоа Мартија блесна во долг свечен син фустан, во боја на мастило, тесно припиен до тело и свечени „златни“ чевли на високи потпетици со циркони.
View this post on Instagram
Како убавица од бајките, подготвена за најсвечениот ден досега во нејзиниот живот, доби прегрст роденденски честитки, од кои многу и на социјалните мрежи .
Роденденската забава пак лоцирана во еден локал, повеќе од весела и урнебесна, исполнета со многу убави млади лица, веселба, добра музика со ДЈ, песна во живо… Вистинска славеничка журка, која не може да помине без роденденска торта…
И тоа голема, на три спрата на која славеничката во еден здив ги дувна роденденските свеќички со звуците на „Happy birthday to you…“ и песната „Роденден“ на Саша Ковачевиќ!
А потоа роденденското шоу продолжи со уште повесела журка и песна, која некои од познатите гости ја доведоа до кулминација со својата изведба… Најдобрата другарка на Мартија од естрадата, пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче, пејачот на „Либеро бенд“, Иван, се фатија за микрофонот, па малку соло, малку во дует ја направија забавата најдобра на свет. Од Дино Мерлин до Весна Змијанац!
Роденденската еуфорија пуштена на јасилно се случи кога двете македонски пејачки се фатија за микрофонот: Славеничката Мартија и нејзината најдобра естрадна другарка Антоиа заедно во дует… „Сочувај ја тајната, љубов моја…“ и… Нека иде живот!
Живот кој за младата славеничка и нејзиното младо друштво речиси само што започнал! Нека е со среќа полнолетството и се’ друго што следува во годините по него!
Фото: Инстаграм принтскрин/stanojkovicsnezana70/martijastanojkovic