Вчера, 27 јуни 2018, во скопскиот хотел „Мериот“ младата македонска поп пејачка Мартија Станојковиќ пред пријателите, соработниците, колегите и претставниците на медиумите ја промовираше својата нова песна.
Темата, која всушност е емотивна поп балада е комплетно авторско дело на Александар Масевски. Имено, тој ги потпишува музиката, стиховите, аранжманот и продукцијата на „Те сакам“, како што носи наслов песната, во која акустична гитара свири Иле Спасев.
Видеото за песната го режирал и уредил режисерот Огнен Шапковски заедно со својата екипа соработници: Д.О.П – Кристијан Теодоров, ВФХ -Иван Куртевски, асистент на камера- Стефан Дамјановски…
Кореографијата во спотот е дело на Бојана Додевска – Dance Team Fusion, а за шминката се погрижиле Небојша Пешевски и Мартин Павловски.
Како звучи и изгледа кога Мартија ја изведува „Те сакам“ проследете во продолжение.