Радио Милева штркот долета...

Мартија стана тетка: Пејачката со „бејби селфи“ гордо се пофали со внукот (ФОТО)

Мартија стана тетка: Пејачката со „бејби селфи“ гордо се пофали со внукот (ФОТО)

Македонската поп пејачка Мартија Станојковиќ деновиве имаше со нешто ново да се пофали. Тоа не е ниту нова песна или видео, ниту некој  нов настап, туку нов член во големото семејство Станојковиќ.

Имено, во фамилијата на младата кумановка  штркот донесе принова, па многубројното семејството  стана побогато за уште член, а Мартија стана тетка! Како најдобар подарок пред Нова Година за нејзината постара сестра  Лена, која  на свет го донесе малиот Лука. Но и за целото семејство, вклучувајќи ја ја и распената тетка, како и гордата баба Снежана која иако се уште млада, веќе има повеќекратно искуство со внуците.

Пресреќната тетка заедно со нејзината мајка, немаа трпение да  издржат, па веднаш „директ драјв“ од Куманово Виа Скопје, замина во породилиштето на познатата скопска клиника каде бебето дојде на свет,  за да го видат својот новороден внук.

Радоста се разбира беше неизмерна, а првите  неколку  „ бејби – селфи“ фотографии со малиот јунак Лука и пејачката и бабата веднаш ги споделија на социјалните мрежи, односно на своите Инстаграм профили.

„Тета ти ја посакува сета среќа на овој свет. Добредојде Лука“ – напиша младата тетка Мартија покрај фотографиите на кои позираше со внукот Лука.

Истото го направи и нејзината мајка Снежана, која држејќи го во своите прегратки малечкиот убавец од срце му посака: „Добре ни дојде Лука“!

Така семејството стана помногубројно и побогато за новиот член, а можеби и Македонија во иднина добива нова музичка ѕвезда, се разбира ако внукот се родил со Божја дарба за пеење како тета!?

Како и да е, нека е со среќа!

Фото: Инстаграм принтскрин/stanojkovicsnezana70/martijastanojkovic

 

To top