За младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ веќе пишувавме дека наскоро се подготвува да ги израдува своите обожаватели со нова песна.
Младата убавица всушност веќе визуелно тоа и го стори со последните објави на социјалните мрежи на кои е многу активна. Особено ги „загреа“ следбениците на својот Инстаграм, со последните објави, на кои „малата сирена“ во прилично провокативни фото-пози ја заскокотка машката фантазија, покажувајќи не само вокално, туку и визуелно дека македонската естрада има надежна иднина.
Имено Мартија, со две секси фотографии ја најави својата нова песна и видео, а позите се веројатно дел од кадрите за темата која носи наслов „Не волиш“ (Не сакаш), што укажува дека на убавата кумановка Македонија и е „тесна“?
Мартија наумила да го освојува регионот, и тоа со влез на голема врата, па затоа веројатно во старт е ангажиран нашиот композитор и продуцент кого токму регионот најдобро го познава и почитува, Дарко Димитров, кој „ги замешал своите прсти“, преку својата музичка креација, умеење и знаење во новиот проект на младата пејачка.
Каков ќе биде финалниот производ наскоро ќе дознаеме, зашто по фотографиите дали е песната хит не може да се препознае, но затоа пак може нешто друго да се дознае.
Имено, регионот младата македонска музичка ѕвезд(ичк)а веќе ја препозна(ва) и пред таа целосно да му се претстави.
Регионалните портали веќе во најава пишуваат за новата песна на Мартија, но и за нејзната провокативна најава, која не остана не забележана во поедини медиуми и надвор од Македонија!
Најавите уште во старт ветуваат, а обожавателите едвај чекаат на најавениот новитет да му се израдуваат… Уште ако и(м) се погоди песната… Кој среќен и задоволен не би бил, особено кога Мартија во старт покажа ваков сексапил!
Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic/nema zabranjenih