Радио Милева

Марк од „Брза кујна“ славеше роденден, ќе погодите ли колку години наполни?

Марк од „Брза кујна“ славеше роденден, ќе погодите ли колку години наполни?
фото: фејсбук

Поради коронавирусот веќе неколку месеци се на пауза снимањата на „Брза кујна“, но тоа не ги спречува шефовите Марк и Никола да подготвуваат разни специјалити во нивните кујни.

Шеф Марк често на социјалните мрежи знае да покажа што подготвил и уште еднаш да ги покаже своите кулинарски вештини.

фото: фејсбук

Меѓутоа, деновиве Марк имаше убав повод за славење, па бројни честитки пристигнаа на негова адреса.

Имено, тој го прослави својот роденден, а на „Фесјбук“ сподели дел и од роденденската атмосфера…

Но тука е и роденденската торта, како и свеќичките на неа кои откриваат дека Марк наполни 52 години.

фото: фејсбук

Според верувањата, пред да се дувнат свеќичките славеникот треба да си замисли желба, а дали ова правило го исполнил Марк не знаеме, но сигурно си поминал убаво и роденденски.

Останува да почекаме шефовите од „Брза кујна“ со полна енергија да се вратат на ТВ екраните и повторно да подготвуваат разни јадења кои можеби и вас ќе ве инспирираат и ќе се најдат на вашата трпеза.

Останати вести од Радио Милева