Познатиот пејач Марк Ентони го доби седмото дете на 54-годишна возраст, само една година по венчавката со 30 години помладата манекенка Надја Фереира која за првпат стана мајка.
-Господ секогаш знае кога е најдобриот момент. Среќен ден на таткото, напишаа Марк Ентони и Надја (24) на Инстаграм со првата фотографија од бебето.
View this post on Instagram
Пејачот и манекенката се венчаа во јануари, а на Денот на вљубените открија дека чекаат дете.
На нивната гала прослава во Мајами присуствуваа бројни познати личности.
Марк Ентони беше во брак и со Џенифер Лопез со која ги има близнаците Ема и Макс.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марк Ентони/Џенифер Лопез/Алан Силфен