ТВ водителката Марјана Станојковска како популарно и доста ангажирано лице е актуелна во текот на целата година.
Но со доаѓањето на зимата, Нова Година и Божиќ, нашата позната Лото девојка е дополнително ангажирана да ги краси рекламите и да привлекува со својот шарм, маркантност и убавина.
View this post on Instagram
Речиси секоја година таа е Снежната Кралица, а веруваме секој од вас ја видел во вакво издание, особено децата кои сакаат да се фотографираат со неа кога таа е како излезена од некоја магична новогодишно-божиќна бајка.

Годинава се уште не дошол ред да го облече ваквиот костим, но затоа на својот профил на Инстаграм е особено активна со промовирањето на различни производи во празично руво.
Во една од тие објави каде промовира парфем, Марјана позира застаната до елката, а навидум на прв поглед би се запрашале дали е таа поради фризурата со каква ретко или воопшто не сме ја виделе.
View this post on Instagram
Таа речиси секогаш е со пуштена коса, благо накадрена, па ваква треба подобро да се загледате за да се уверите дека е таа.
Откако оваа фризура ја носеше Џеј Ло за спотот на популарната песна „Па ти“, стана интересна и за познатите Македонки. Ја направија Лила, Елена Велевска, па и Марјана, а пак домашните портали тоа го пишуваат и се прашуваат кој кого тука копира.
Но тоа во случајов е сосема неважно, бидејќи секоја дама ја носи на свој начин и кај секоја од нив изгледа поинаку.

Навидум мала, но доста впечатлива промена за која и следбениците на Марјана беа позитивно изненадани. Но, убавата русокоса имаше да порача само едно, дека во Новата Година им посакува само здравје на сите!