Јутуберот и учесник во неколку домашни и регионални талент шоуа, кумановецот Марио Арангеловски, заедно со Михаил Митовски – Мише ја промовираа нивната дуетска песна „Фон“. На текстот и музиката се потпишуваат неколку автори и тоа InsertAKik, Boof, Popo и AndrejNik. А, зад видеото, кое наликува на криминалистички филм е потпишан Константин Митевски.
Марио и е добро познат на јавноста по својот YouTube канал и учеството во неколку ТВ шоуа како „Сите наши песни“ „Ѕвездите на Гранд”, „The X Factor” и слично.
„Добро утро, радни народе. Вчера излезе “ФОН”, проектот на кој што напорно работевме неколку месеци. Ќе ми биде драго ако погледнете што сме сработеле и ќе ги очекувам вашите коментари“ – споделил марио на својот Фејсбук профил промовтивно најавувајќи го видеото чија приказна наликува на нешто што во многу што потсетува на некои од веќе познатите криминално-коруптивни афери кај нас… Како онаа со „Луј Витон“ торбата на пример…!
Мише односно Михаил Митевски е ново име на македонската музичка сцена. Тој има 17 години и е од Скопје. Зад себе веќе ја има песната „Пронто“, која доволно добро помина кај слушателите. Освен создавање музика тој е менаџер на многу забави во македонската престолнина.
Како звучи и изгледа нивната гангста музичка сторија насловена „ФОН“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):