Најпознатиот српски текстописец Марина Туцаковиќ, по тешко боледување почина на 67 години.
Цеца Ражнатовиќ во една прилика се потсети кога во 1991 година сакала да направи пауза и одлучила да ги промени соработниците и сакала да започне соработка со Марина, која на Цеца и дала песна која никој од пејачите не сакал да ја отпее.
„Направив пауза од една година. Сакав да го сменам тимот и сакав нешто поразлично. Имав визија песните да бидат со силна порака. Веќе бев девојка и сакав моите песни да бидат поразлични. Тогаш дојдоа Марина и Фута. Се пронаоѓав во нивните песни и го сакав нивниот начин на пишување. Добив број од Марина, и се јавив, беше доцна попладне, зима“, раскажа тогаш Цеца и додаде:
„И реков: „Сакам да зборувам со Марина“. Ми одговори: „Јас сум“. Реков: „Цеца Величковиќ е на телефон“. Тогаш го имав тоа презиме. Имав само 19 години. Таа ми кажа: „О млада дамо, тебе те чекам неколку години и знаев дека ќе ми се јавиш“. Веднаш се договоривме да се видиме истата вечер. Дали знаете дека таа за мене имала направено цел албум? Тоа е албумот: „Шта је то у мојим венама?“.
„Потоа имав една турнеја, учествуваа многу мои колеги. Каравнот патуваше по сите држави, мене ми требаше нова песна со која ќе се претставам на „Ктитор фолк лига“. И сега што да снимам, брза песна или балада. Фута ми кажа: „Имаме една песна, но многу пејачи ја одбија и никој не сака да ја сними. Марина беше во кујната, а се тоа се случуваше во нивниот стан“, раскажа тогаш Цеца.
„Марина му кажа на Фута: „Немој тоа да го свириш, без врска е“. А јас им кажав: „Ве молам да слушнам што сте снимиле, а е безврска, не можам да верувам“. И тој почна да пее: „Загрли ме и поџи путем куда иду кукавице“. Му реков дека песната е лудило и дека тоа е за мене она што ми треба. Марина слуша од кујната и вика: „Невозможно е ова да ти се допаѓа“. Фута утредента направи аражман, јас ја отпејав песната од прва.И стана вистинско ремек – дело“, раскажа Ражнатовиќ во една новогодишна емисија.
фото: притнскрин/инстаграм