Радио Милева
по(а)рно стајлинг...

Марина Тошиќ за во спот или реклама, како за во филм за возрасни (ФОТО)

Марина Тошиќ за во спот или реклама, како за во филм за возрасни (ФОТО)

Пејачката Марина Тошиќ македонската јавност добро ја познава. Иако по потекло Србинка родум од Краљево, со години живееше во Штип и пееш ширум кафеаните, локалите, клубовите низ Македонија. Последниве години се пресели во Софија, каде стана ексклузивка на „Пајнер продукција“, па нејзините песни и видеа можете да ги слушате гледате на нивната „Планет ТВ“.

Марина се обиде да стане и балканска ѕвезда, па среќата си ја проба и во „Ѕвездите на Гранд“, ама покрај Карлеуша, Шерифовиќ и останатите „ѕверки“ од „музичката инквизиција“ на Саша Поповиќ, не мина нималку славно.

Ама затоа атрактивната русокоса, славата продолжи да си ја бара каде што не бараат многу вокална вештина, туку изгледот и имиџот се многу повеќе на цена. Соседна „мајка Б’лгарија“ како старо-нов дом за сексапилната Србинка, која не само со својот изглед, туку и со своето однесување не престанува да шокира.

Од разголени фотографии, до отворени жешки лезбо акции…

И егзибизионизам на јавно место…

Сето тоа не и е страно на расната Марина, која уште еднаш се обиде да им го сврти умот на мажите. Но не со песна, секако, туку со својот изглед и стајлинг.

Марина Тошиќ во ново видео или нова реклама, ќе да е… ама со старите навики: Пејачката облечена како да ќе снима филм за возрасни!

Во бела минијатурна долна облека од проѕирна тантела, во која ги сервира своите телесни атрибути.

А Марина и тоа како има што да покаже: од колаген усни до силикони, од вито тело и долги нозе, до извајано, заоблено га*е!

А песната? Она што ти „боде очи“, не е важно дал ти „пара уши“ и како звучи! Впрочем, ако изгледа топ… па и не звучи така лошо, зарем не?!

Фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева