Радио Милева
проговори

Марина Гагиќ: „Синот воопшто не го бара Дарко Лазиќ, а наскоро го имаме и првото судење“

Марина Гагиќ: „Синот воопшто не го бара Дарко Лазиќ, а наскоро го имаме и првото судење“

Од самиот почеток на врската на Марина Гагиќ и Дарко Лазиќ, Марина не сакаше многу да се експонира јавно и да открива детали од интимата.

По завршувањето на нивниот заеднички живот, Гагиќ исто така не се многу огласуваше, но сега во интервју за телеграф.рс одлучи да ја открие вистината.

На прашањето каков е нејзиниот однос со Дарко Лазиќ, таа вели:

„Коректен, само тоа ќе кажам. Добар, се слушаме околу детето, се договараме околу Алексеј. Само поради тоа сме во контакт откако си заминав откај него“.

Таа откри дали ги решиле и правните работи.

„За еден месец имаме судење, па ќе видиме што ќе биде“.

Поранешната на Дарко откри дека синчето веќе зборува, но дека не го бара Дарко Лазиќ.

„Не, искрено не. Мислам дека тој не помина доволно време со него за да го стекне тоа чувство. Сега не го бара, не знам што ќе биде во иднина, тоа зависи од Дарко. Колку ќе му се посвети, толку ќе го бара“, вели Гагиќ.

Потсетуваме, Марина и Дарко беа во неколкугодишна врска и го имаат синот Алексиј, тамн кога сите мислеа дека ќе стапат во брак, парот раскина, а Лазиќ започна нова љубовна врска со Барбара Бобак.

фото: Никола Томиќ/инстаграм

Останати вести од Радио Милева