Со денови се пишува за љубовниот живот на српскиот пејач Дарко Лазиќ.
Имено, тој неодамна обелодени дека повеќе не е во врска со Марина Гагиќ со која го има синот Алексиј.
Меѓутоа, Дарко изгледа не чекаше долго време за да и најде замена на Марина, па според пишувањата на српските медиуми тој има нова девојка – Барбара Бобак.
Неодамна, наводно синот на Марина и Дарко, Алексиј во една прилика Барбара ја нарекол „мамо“.
Сега овие пишувања ги прокоментира и самата екс партнерка на Дарко.
„Ако навистина тоа го изјавила, ќе мора да реагира Центарот за социјални работи. Ја видов нејзината изјава, го прашав Дарко дали тоа е точно, но тој не смее да ми одговори“, вели Марина за телеграф.рс и открива дека нејзините изјави може да влијат на психата на малиот Алексиј.
„Мислам дека е срамота тоа што го изјавила, повторно велам, ќе ја пријавам во Центарот за социјални работи. Овие изјави може да бидат лоши за детската психа“, додава таа.
На прашањето дали е запознаена дека Барбара има контакт со нејзиниот син, Марина вели:
„Алексеј не го поминува времето ни со Дарко, ни со неа“.
Таа откри и кога пејачот последен пат го видел синот.
„Можеби пред 2,3 месеци кога последен пат беше кај него“.
Таа додава дека Лазиќ не и помага финасиски, туку нејзиниот син го издржува нејзиното семејство.
„Не, благодарение само на моето семејство на Алексиј ништо не му недостига“.
фото: Никола Томиќ/инстаграм/марина гагиќ/ барбара бобак/