Маријана и Росана, легендарните македонски пејачки – сестри близначки вчера, 14 декември (среда), славеа роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, ама секако им се бројат ако не подароците, тогаш барем честитките за „денот што го чекаме цела година“!
Иако физички раздвоени со живот на различни континенти, сестрите споделија пост за нивниот роденден, а потоа и благодарница за многубројните роденденски честитки кои ги добија.
Маријана, која веќе со години живее во далечната Австралија, посакала да се почести за роденденот… И себе си и најблиские, па решила тоа да биде со роденденска торта. За да не прави самата, решила да ја нарача. Денес современата технологија овозможува дури и да не морате да одите во слаткарница, туку доволно е само да имате Интернет и да бидете на еден клик со вашата „посластица“. Каталогот веднаш ви излегува пред очи, а ваше е само да одберете и нарачате што ви душа сака, односно што ви фаќа око… Онлајн, секако!
Само што она што и се случи на славеничката Маријана е поука за сите дека „она што окото ви фаќа онлајн“ не е ниту оддалеку исто со она што ќе го видите пред очи во живо, кога ќе го добиете.
Имено, Марјана откако ја одбрала саканата торта, онлајн нарачката бргу стигнала на домашна адреса и тоа елегантно спакувана во „соодветна кутија“… Само што димензиите на тортата, ако така може да се нарече „шеќерчето“ што пејачката го добила, не биле ниту оиддалеку соодветни на она што треба да бидат. Или во превод: платила како за торта, а добила едвај колаче… И тоа со душегрижничко образложение на производителот дека тие се грижат за вашето, во случајов нејзиното здравје… За да не и се качи шеќерот!
А, откако ја доби „онлајн“ нарачката, на Маријана по шок испораката всушност шеќерот и падна… И тоа на минимум… Ако не и на нула!
Па затоа, шокираната славеничка наместо да се израдува на тортата, сподели предупредувачко видео… Колку да пазите кога купувате, што и од кого онлајн нарачувате (КЛИКНИ ТУКА):
Фото: Фејсбук принтскрин/Marijana Novacevska