Радио Милева

Маријан Стојаноски стана татко – еве кое име го одбра за наследничката (фото)

Маријан Стојаноски стана татко – еве кое име го одбра за наследничката (фото)
фото: фејсбук

Пејачот Маријан Стојаноски стана татко.

Стојаноски и неговата сопруга Наташа Каранџулоска со која неодамна стапи во брак за првпат станаа родители на ќерка.

Маријан ги сподели среќните вести на својот „Фесјбук“ профил и го откри името на својата наследничка.

„Добре ни дојде ќерко Вероника“, напиша тој во описот на фотографијата.

фото: фејсбук

Под објавата се нижеа честитки и убави желби за новиот член на семејството.

Инаку, Маријан кон крајот на претходната година ја побара Наташа за сопруга.

Коронавирусот им ги расипа плановите плановите за голема свадба, но парот кон крајот на јуни одлучи да стави потпис во матично и официјално да запливаат во брачните води.

Тие во Скопје по сите мерки и прописи поради короната, се потпишаа кај матичар и пред законот станаа маж и жена.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/marijan-stojanoski-i-oficijalno-e-zenet-chovek-a-naskoro-kje-stane-i-tatko-foto/

Да е жива и здрава ќерката!

Останати вести од Радио Милева