Радио Милева
второ „брачно“ полувреме

Маријан Стојаноски направи црковна венчавка: Невестата лани бремена пред матичар, годинава бремена пред олтар… овој пат со второ дете (ФОТО)

Маријан Стојаноски направи црковна венчавка: Невестата лани бремена пред матичар, годинава бремена пред олтар… овој пат со второ дете (ФОТО)

Некогашниот македонски поп пејач Маријан Стојаноски по втор пат ја направи истата работа… Или поточно – две!

Откако лани, во јуни 2020 година  се венчаше пред матичар со тогаш „до заби“ бремената свршеница, сега негова сопруга, Наташа Каранџулоска, сега истото го направи во црква пред олтарот и попот и тоа во родното Крушево.

Маријан Стојаноски и официјално е женет човек, а наскоро ќе стане и татко (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Кумовите исто така позната двојка во јавноста, долгогодишната ТВ водителката на скопската МТМ телевизија, Андријана Стојческа и колегата на младоженецот од МОБ, оперскиот тенор Никола Стојчески.

Второто „брачно полувреме“ на некогашниот поп пејач, сега вработен во Македонската Опера и Балет како оперски пејач и русокосата охриѓанка наликува на првото, зашто во меѓувреме двојката станаа родители откако кусо по регистрацијата ја добија ќеркичата Вероника, која неодамна наполни една година.

Имено, ако лани невестата бремена застана пред матичар, годинава бремена застана пред поп и олтар… Само овој пат со второ дете. Нараснатиот труднички стомак покажува дека Мријан и Наташа одново чекаат принова, па по втор пат ќе станат и родители.

Дали заради  корона пандемијата и свадбените рестрикции за прослави и  собирања несакајќи  ја востановија оваа чудна пракса, пред секое ново чедо да им дојде на свет да има свадбена церемонија или едноставно така им дошло? Така мораа или така сакаа? –  прашање на кое само тие двајца си го знаат одговорот.

Но ако е веќе така, прашање е што церемоинија ќе биде ако решат да одат или „случајно се случи“ трето дете? Малата Вероника не ќе можат да ја крштеваат, зашто тоа веќе го направија воедно со црковната венчавка. Ама затоа можеби ќе можат идниот член на семејството?

Одговорот нека му го мислат „пред Бога заколнатите на вечност“ тазе младенци и родители, а од нас… Честитики и нека е за многу години. И венчавката и крштевката и кумството и идната принова!

Фото: Фејсбук принтскрин/Marijan Stojanoski

 

 

Останати вести од Радио Милева