Младата и талентирана пејачка Марија Спасовска беше една од најзабележаните учесници на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“, кој се одржа во Штип.
Дека Марија ги освои срцата на публиката не постои сомнеж, а доказ за тоа, освен многубројните позитивни коментари се и прашањата кои ги доби на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, таа одлучи на нејзините следбеници да одговара на прашања кои тие ќе и ги постават налик на познатите музички ѕвезди, со кои докажа дека нејзините фанови едвај чекааат да слушнат од неа нова песна.
Пејачката на нејзините кратки приказни им се обрати на фановите и стави објава „Прашајте ме прашање“ на кое потврди дека одамна не одговарала.
Секако, сите прашања беа насочени кон нејзината музичка кариера па, фановите беа во исчекување на одговор кога нова песна?
Марија одговори дека планира наскоро да ги изненади и дека нема долго да ги остави да чекаат тоа да се случи, а сега за тоа е вистински момент.
На нејзина адреса пристигнаа и комплименти наместо прашања кои пејачката гордо ги објави и ги сподели на споменатата социјалната мрежа.
Следбениците исто така, беа заинтересирани и на кој јазик и е најубаво да пее,а таа со гордост поставувајќи емотикон срце и знаменце напиша дека тоа е македонскиот јазик.
Неминовно беше и прашањето дали има момче, но таа за тоа не откри и одговори само со замислен емотикон, иако информациите кои доаѓаат од нејзина близина велат дека „омилен“ македонски машки спорт на распената „венера“ и е… ракометот. И дека на младата пејачка „број еден“ и е еден скопски ракометен клуб, за кој со причина навива, ама тоа не е „Вардар“! Дали е така или не, еве причина повеќе следниот пат Марија да одговори?!
Фото: Инстаграм принтскрин/marija.spasovska