Радио Милева очајна домаќинка

Марија Шерифовиќ тргна да стане домаќинка, арно ама… заврши на психијатар! (ФОТО)

Марија Шерифовиќ тргна да стане домаќинка, арно ама… заврши на психијатар! (ФОТО)

Марија Шерифовиќ ја посети слаткарницата на нејзината мајка Верица Шерифовиќ во Крагуевац, со цел да научи како се прави торта.  И се’ добро и тргна, па пејачката ветуваше дека покрај талентот за пеење, од мама Верица го наследила и оној другиот талент, за домаќинлук.

Откако успеа да ја направи својата омилена торта со помош на мајка и, Марија беше многу горда, па на радоста и немаше крај.

Арно ама, додека се радуваше на својот успех, Марија со едната рака ја прегрна Верица, а во другата ја држеше тортата, па додека се гушкаше со мајка си, тортата  и се лизна и…  и’ падна на подот!

Откако ја плесна наземи тортата, пејачката исто така самата се плесна на подот, не можејќи да поверува што и се случи, додека мајка и Верица се обидуваше да спаси што може да се спаси… од она што остана од тортата на ќерка и!

„Не можам да се опоравам со денови, после ова ништо нема да биде исто. Закажав на психијатар да ми помогне да ја преживеам оваа тага“ –  низ смеење рече Марија во видеото на нејзиниот Јутјуб канал, кој констатираше дека навистина е „очајна домаќинка“,  откако ја „залепи“ тортата за плочките на подот.

To top