Како бомба одекна веста дека пејачката Марија Шерифовиќ е во емотивна врска со победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ.
Имено, изминатите неколку дена српските медиуми пишуваа дека наводно Џејла секогаш кога е во Белград спие во станот на Марија и дека меѓу двете пејачки постои нешто повеќе од пријателство.
По тој повод се огласи и Марија на „Инстаграм“.
„Искрено, не планирам да ги коментирам вестите во медиумите во поседните пет, шест дена, но бидејќи гледам дека се вмешани и членови на нашите семејства, должна сум да ви кажам една работа. Никогаш не беше тајна дека по натпреварувањето се разви пријателство меѓу нашите семејства кое сигурно нема да заврши поради лоши идеи, намера, наводи или било што слично“, изјави Марија и ги демантираше написите дека е во врска со Рамовиќ.
„Така да се што сте прочитале е огромна лага. Не е фер да измислувате изјави на татко ми, човек кој моментално е болница и чека операција“, изјави Шерифовиќ.
Видеото може да го погледнете тука.
Потсетуваме, Џејла во „ЅГ“ беше под менторство на Марија Шерифовиќ.