Марија Шерифовиќ неколкупати изјави дека оваа сезона на „Sвездите на Гранд“ ќе и биде последната како членка на жирито, наводно заради нејзините планови да се оствари како родител.
Така, бебето на Марија стана една од главните теми, вклучително и меѓу нејзините колеги, кои очигледно не можат да го дочекаат тој момент и едвај ќе чекаат Марија да се појават заедно со бебето во шоуто.
„Сите ние ќе го чуваме и луламе бебето тука“, рече Вики Миљковиќ.
Уште сега, Саша Поповиќ веќе му смислил и улога на малечкото на пејачката.
„Ако бебето заплаче – кандидатот поминува! Ако не заплаче – никому ништо, отпаѓа“ – се пошегувал Поповиќ.
„Очигледно најдобро ми е да го растам моето идно дете овде во „Sвездите на Гранд“, со насмевка констатирала Шерифовиќ.