Иако минатата година беа доста блиски, пејачката Марија Шерифовиќ реши да ја отследи на Инстаграм победничката од минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ, потег кој изненади многумина.
– Сезоната е завршена, на сите мои кандидати, а особено на финалистите, ви посакувам среќа во вашата кариера и во животот …. Време е за нови миленичиња – објасни Марија Шерифовиќ на својот Инстаграм, а потоа и одговори Џејла.
– О, Боже! Таа ме отследи! рече Рамовиќ на својот профил, но таа не застана тука.
– Нови миленичиња? Среќно хехе! Шокантно – додаде младата пејачка од Горажде.
Марија ја виде оваа објава на Рамовиќ, па ја сподели со нејзините следбеници велејќи: – „Лудо дете!“