Радио Милева ја испрати со видео

Марија Шерифовиќ и спакува видеоподарок на сега веќе, бившата колешка од „Ѕвездите на Гранд“: „Најдоброто од Карла“… за збогум (ВИДЕО)

Марија Шерифовиќ и спакува видеоподарок на сега веќе, бившата колешка од „Ѕвездите на Гранд“: „Најдоброто од Карла“… за збогум (ВИДЕО)

Јелена Карлеуша повеќе не е дел од жирито во новата сезона на  најгледаното регионално музичко талент шоу, „Ѕвездите на Гранд“. Зошто и како, веќе е познато и кажано. како и кој ја наследи… нејзината најлута соперничка – Цеца.

Дали гледаноста со Цеца ќе биде многу поголема или драстично ќе опадне без Карлеуша, наскоро времето ќе покаже. Она што досега е познато, дека рускосота „мала од скандала“ беше вистинскицеремонијал мајстор и „прва ѕвезда“, на број еден позиција,  меѓу еднаквите во „музичката Гранд инквизиција“!

 

Марија Шерифовиќ остана да биде во комисијата и понатаму. како без нејзината најдобра пријателка и воедно најголема скандал ривалка за правење ексцеси во шоуто, допрва ќе видиме. Но дека не и е сеедно, не и е… Марија тоа јавно го кажа, ама сега и го покажа со едно видео.

 

Имено шерифовиќ и спакува видеоподарок  на сега веќе бившата колешка од „Ѕвездите на Гранд“: „Најдоброто од Карлеуша“… за збогум! Како изгледаа „најѕвездените будалаштини“  во „Ѕвездите на Гранд“ на Карлеуша, од видеото кое Марија го објави на својот Јутјуб канал, насловено како „Најдоброто од Карла“.

 

To top