Марија Шерифовиќ одржа уште еден во низата концерти за паметење. Овој пат таа настапи во Зрењанин, во Трг Слободе, каде собра многубројна публика.
Она што не можеше да остане незабележано е гипсот на левата рака на пејачката, односно повредата, но која не ја спречи непречено и со голема енергија да испее на овој концерт.
Кога станува збор за самата повреда, Марија откри за што се работи и како завршила во гипс. Имено, таа и помагала на мајка си Верица да ја среди куќата, кога и се случила незгодата.
– Мајсторишав со Вера во станот и го повредив зглобот. Всушност, сфатив дека не треба да носам ништо друго освен микрофон – низ насмевка изјави Марија за “Гранд онлајн“.
Фото:принтскрин/Интаграм/Марија Шерифовиќ/Драган Кадиќ