Поп-пејачката Марија Шерифовиќ за прв пат проговори по финалето на „Ѕвездите на Гранд“ и јавно го кажа своето мислење за организацијата, натпреварувачите и гласањето. Имено, познато е дека Марија снима свои блогови, а во еден од нив откри многу работи за споменатото натпреварување.
– Ништо не коментирав по завршувањето на „Ѕвездите на Гранда“ бидејќи бев многу уморена. Бев среќна што дојдовме до крајот, без разлика на резултатот. Да бидам искрена, според мојот вкус и познавање на бизнисот, Ксенија Тану и Мартин за мене се вистинско откровение – изјави Марија на самиот почеток и откри се за фаворитите од другите тимови.
– Што се однесува до другите екипи, Петар и Џенан ми се одлични – рече таа, а потоа ја спомна и победничката Славица Ангелова.
– Многумина негодуваат за резултатот, а особено не ми се допаѓа тоа што го пишувате за победникот. Секогаш и засекогаш ја поздравувам одлуката на народот и почнав интензивно да размислувам и дојдов до заклучок дека, сепак, не се гласа за најдобриот во финалето – истакна таа. Марија меѓу другото посочи дека мора да се смени системот на гласање.
– Прашање е колку е праведно што, кога ќе стигнеме до финале во натпреварување и кога јасно се гледа разликата, во еден момент престанува да биде музичко натпреварување и има натпревар меѓу земјите и нивните претставници – рече таа, потоа заклучи:
– Тоа е тема за која можеме да разговараме. Не знам дали е тоа во ред или не. Мислам дека по многу, многу години, време е да се промени нешто во тој систем и да се најде начин навистина да се избере „Гранд ѕвезда“ – вели таа во својот блог.
Фото: Принтскрин/Е – Сток/Петар Алексиќ