Марија Шерифовиќ пред неколку дена отпатува за Љубљана каде имала закажан концерт, но паузата од возењето и релаксирачкиот сон пред настапот ја расипала една тегоба која можела да ја чини да не излезе на сцена.
Имено, пејачката во својот последен блог се пожали на публиката дека екстремно лошо спиела во Подгорица, каде што претходно била на турнеја, што оставило последици на нејзиниот грб.
-Имам страшни болки, цела десна страна ми се грчи, испив два лека. Сето ова се должи на лошиот сон, за жал. Имав просечен сон, иако си донесов сопствена перница. Едната страна од телото ми е целосно вкочанета, молев и молев синоќа некој да дојде да ме измасира, да нанесе крема за да протуркам денес. Страшно, се ми е вкочането, ништо не можам – изјави Марија и откри:
– Чекам да дојдат масери и хиропрактичари да ме поправат бидејќи ми падна рамото. Сега е малку полесно, кога ме масираа. Господ на помош – додаде пејачката.
Таа во еден момент дури и заплака од болка, што изненади многумина.
Фото: Принтскрин/Јутјуб