Радио Милева плаќање однапред

Марија Шерифовиќ одвои вртоглава сума пари за трошоци за раѓање на синот кој е роден во Америка преку сурогат мајка

Марија Шерифовиќ одвои вртоглава сума пари за трошоци за раѓање на синот кој е роден во Америка преку сурогат мајка

Во јавноста како бомба одекна веста дека една од најубавите вокали во Србија, Марија Шерифовиќ стана мајка. Синот Марио го родила на 2-ри декември преку сурогат мајка во Соединетите Американски Држави, а еве колку пари Марија морала да издвои за целиот процес.

Во една американска агенција за сурогат мајчинство наведуваат дека просечната цена се движи од 130.000 до 160.000 долари.

– Меѓународното сурогат мајчинство може да чини дури 50.000 долари во Источна Европа или Јужна Америка, но да се најде доверлива агенција бара одредено истражување и насоки – додаваат тие.

Просечните трошоци вклучуваат: клинички такси, сурогат компензација, правни такси и агенциски такси. Идните родители, исто така, треба да издвојат дел од буџетот за компензација на донаторот на јајце клетки и лекови за плодност, како и патни трошоци (кои не се вклучени во овие проценки), додава агенцијата.

– Надоместокот за сурогат мајчинство ќе одземе речиси половина од вкупниот буџет. Агенциските и правните трошоци може да повлечат уште една третина. Остатокот од вашиот буџет е за клинички процедури и други поврзани трошоци – според една американска агенција.

За разлика од другите земји, во Америка речиси целиот „трошок“ треба однапред да се плати.

 

To top