Марија Шерифовиќ стана мајка на 2 декември минатата година, кога се роди нејзиниот син Марио со помош на сурогат мајка.
Веќе пред крајот на годината таа, нејзиниот наследник и гордата баба Верица пристигнаа во Србија, а празниците ги поминуваат во семејна средина.
Според информациите, Марија ја подготвила собата за бебето пред да замине во Америка за да го дочека раѓањето на нејзиниот син, а Верица се вселила кај неа за да и помогне во се.
Пејачката најубавиот христијански празник го помина со синот, а сега на еден од најдобрите пријатели јавно му го честиташе роденденот и сите ги изненади со тоа што го кажа.
Марија објави фотографија на која се гушка со нејзиниот пријател од срце, а под објавата напиша:
– Ќе се „смуваме“ ние некогаш.
Марија е облечена во костим за капење, а Никифор без мајца.
Да потсетиме, пејачката неодамна проговори за сурогат мајката која и помогнала да ги оствари соништата.
Пред да се одлучам за сурогат мајчинство, неколку пати се обидов да ја носам бременоста и не успеав, на мое големо жалење. Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат мајчинството беше мојот единствен избор – изјави тогаш таа.
Фото:Printskrin/Instagram/serifovic