Пејачката Марија Шерифовиќ е позната како личност која нема влакна на јазикот, а овој пат збесна како рис и испрати брутална порака.
Шерифовиќ, како голем поддржувач на вистината и правдата, жестоко го осуди злоставувањето и убивањето на животните откако на социјалните мрежи се појави грозоморно видео.
– Навистина немам зборови, ниту текст, толку сте одвратни, болни, пореметени, злобни и одвратни што немам повеќе зборови за човечките суштества! Апелирам до секое лице во чија надлежност е оваа состојба и до институцијата која истовремено добива пари за тоа. Посакувам личноста која го направи ова да не го види утрото! Овие работи се толку лоши и страшни, а за некои тоа се само кученца… Болни луѓе – рекла бесната Марија, а потоа додала:
– Не дозволувајте да одам во Бор и да правам хаос. Не сакам да одам во затвор! Сакам само некој чија работа е да го реши проблемот!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марија Шерифовиќ