Радио Милева туристи во дубаи

Марија Шерифовиќ надвор од себе: За се’ е виновна нејзнината мајка Верица- пејачката се држи за глава и не може да верува (фото)

Марија Шерифовиќ надвор од себе: За се’ е виновна нејзнината мајка Верица- пејачката се држи за глава и не може да верува (фото)

Пејачката Марија Шерифовиќ реши да ги помине слободните денови со мајка си Верица Шерифовиќ и да отпатува за Дубаи. Сакајќи да и дозволи на мајка си целосно уживање, пејачката била подготвена сама да финансира се’, но кога ги собрала сите сметки, од цифрата и се завртила во главата!

Марија решила да ја однесе Верица во луксузен ресторан во центарот на Дубаи, а не штедела пари за добра и вкусна храна.

– Парче месо 220 евра?! За тие пари можеш да купиш цела крава – рече Верица додека Марија и го читаше менито, а потоа објасни:

-Попрво би си дозволила парче месо отколку штикли, мислам дека тоа е во ред.

Откако ја завршиле вечерата, која ги чинела 864 дирхами (220 евра), Верица решила да се напие кафе сварено во песок, кое чинело пет евра, и охрабрена од љубезноста на домаќинот сакала да купи слатки од нив.


Сепак, десет парчиња урми и тегла лек за синусите ја чинеле Марија 125 евра.

– Луѓе, нè ограбија благодарение на Верица Шерифовиќ! Ние сме класични глупави туристи – викала Марија на пат кон хотелот.

фото:Фејсбук принтскрин/Инстаграм

To top