Марија Шерифовиќ купила уште еден луксузен стан во елитната белградска населба Вест 65, а овој пат како подарок на нејзината мајка Верица! Пејачката прво ја израдувала мајка си со клучевите од станот во истата зграда, а потоа ја однела на одмор во Дубаи каде уживале во најдобрите хотели.
– Марија по серијата концерти добро заработи и од каналот Јутјуб. Таа снима видеа речиси две години, има милиони прегледи и добро заработува од тоа. Прво и помогна на мајка си за слаткарницата во Крагуевац, финансираше дел од средствата Верица да си го прошири бизнисот, а сега се радуваше на сите пари. Пред да замине за Дубаи и го предала клучот од станот што тајно го купувала – вели изворот и открива како Верица дознала за подарокот.
View this post on Instagram
– Кога Верица дошла да ја види ќерка си во Белград, заедно влегле во зградата. Марија отишла да ја отклучи вратата, Верица рекла дека го збркала станот, а Марија го отворила. Потоа и кажала дека е подарок, па ја прегрнала и и ги дала клучевите. На Верица не и било како што знае колку чинат становите во тој крај, но на крајот се испадна како што треба. Она што е особено интересно и на што Марија внимавала е мајка ѝ да биде блиску до неа, бидејќи и земала стан кој се наоѓа еден кат над нејзиниот.
Инаку, Шерифовиќ потрошила околу половина милион евра за купување и комплетно уредување на станот, но од почетокот не штедела бидејќи сите знаат колку се блиски со мајка и:
– По презентацијата на подарокот, Марија на Верица и ја покажа резервацијата за Дубаи. Таму уживаа, трошеа пари и посетуваа трговски центри. Марија и рекла на мајка си дека не штеди ниту еден динар, а секој детал од патувањето го снимила за својот канал на Јутјуб.
View this post on Instagram
За заедничкиот одмор се огласи и Марија.
– Во Дубаи си поминавме одлично, само што Верица беше шокирана секогаш кога ги гледаше цените на месото. И реков да не се грижи, дека сме на одмор и да земе што сака, но таа не ме послуша. Важно е дека купила садови за кујна, кои никогаш на никого не му биле потребни на одмор, но што да правам. На никаков начин не можев да ја спречам – изјавила пејачката.