Радио Милева штркот слета во семејното гнездо

Марија Петровска стана мајка: Некогашната водителка на „Бекстејџ“ роди синче кое доби необично име (ФОТО)

Марија Петровска стана мајка: Некогашната водителка на „Бекстејџ“ роди синче кое доби необично име (ФОТО)

Откако на  поранешната водителката на ТВ магазинот „Бекстејџ“ – Марија Петровска, пријателките неодамна и  приредија „Бебешки туш“ (baby shower), обичај во католичкиот свет кој во суштина се работи за забава на која се носат и подготвуваат подароци за да се прослави породувањето, односно очекуваното раѓање на детето и трансформацијата на жената во мајка, сега таа ја доживеа најголемата животна радост.

Имено популарната Маца за прв пат  стана мајка. Роди син – здраво машко чедо, чиј пол се знаеше уште претходно иако потенцијалното име на синот ниту таа, ниту нејзиниот партнер , Словенецот Михаел Сказа не го соопштуваа до пред самиот чин на породувањето. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини.

Откако на 31 март 2023 и дефинитивно се остварија како родители за прв пат, а малечкиот ја здогледа виделината на денот доаѓајќи на овој свет  гордите родители почекаа неколку дена мајката и новороденчето да си дојдат дома, па дури тогаш јавно ја обзнанија радосната вест во јавноста.

Маца споделила фотографија од рачето и дел од лиценцето на малечкото, па покрај неа напишала: „Твојот прв здив ни го одзеде нашиот здив“, ставајќи го покрај фотографијата датумот и часот на раѓање на нивното прво чедо, тежината и големината но и уште еден важен детал – името на малечкиот.

Имено, тој го добил името Домен и секако го носи презимето на татко му – Сказа. Уште една фотографија од малечкиот Домен во количка осамна на нејзиниот Инстаграм откако, тие си дојдоа во својот дом од породилиштето.

За потсетување, екс водителката Марија Петровска повеќе од 7 години живее во Словенија заедно со нејзиниот партнер, Михаел Сказа. Популарната Маца кон крајот на минатата година обзнани дека е бремена, а сега таа со нејзиниот партнер за прв пат се остварија во улога на родители. Нека им е жива и здрава приновата.

Фото: Инстаграм принтскрин/marija_petrovska

 

To top