Оваа битолчанка е дефинитивно феномен. Нема свои песни, а зема најголем бакшиш, не се појавува по фестивали, спотови, музички емисии, а не престанува да ја има по социјалните мрежи и насловниците на порталите, нема момче за сериозна врска, а нема момче кое сериозно не и се додворува и „пушта“… Навидум ништо нема, а се’ има!?
До душа глас и стас, атрактивност и сексапил не и недостасуваат, па еротската компонента, но и отвореното однесување и споделувањето на приватноста се веројатно оние нешта што Марија Луиса Тодоровска ја прават толку посебна, привлечна и интересна за јавноста.
Нема ден пејачката нешто ново да не сподели на социјалните мрежи, со нешто интересно, откачено, или контроверзно да не не изненади, со што како магнет на себе ја привлекува јавноста, како лепакј ја лепи публиката за својата појава, а сето тоа се рефлектира онаму каде што настапува. Полни локали, расположени гости, кои дошле да ја слушнат и особено видат, задоволни газди кои одново пак и пак ќе ја викнат и секако, „како брод полна“ со бакшиш „натоварена“ битолската пејачка со привремена скопска адреса. Нешто што ретко на која од македонските и фолк и поп пејачки им успева, па дури и на малку од оние во регионот… Најмногу на Јелена Карлеуша, а кај нас токму на неа, на Марија Луиса Тодоровска.
Последната нејзина еротска фото сесија (направена од Д.Р.Д. Медиа – Драган Ристовски) ова најдобро го потврдува. Единствено Марија Луиса Тодоровска исто како Карлеуша – веќе нема што од себе да соблече, зашто пејачката во новата еротска фотосесија се сликаше – „пиштол гола“!
Секоја поза пак посебна приказна… Со порака упатена лично некому, во која само тој ќе си се препознае или општо на јавноста. Марија Луиса – „откачена“ ама волшебна… Искрена, отворена, огнена… Жари и пали, ама без лаги во нејзиниот пламен!
И не дека и досега не сме ја виделе како од мајка родена… И тоа не само поединци кои имале можност одблизу, туку и јавноста во нејзината еротска афера која ја прослави во пошироката јавност. Но, овој пат тоа е малку поинаку, засладено со многу повеќе еротска уметност. И секако првокација… И тоа во секоја нова поза, порака и фотографија!
Она останатото е на оној што ја гледа… Најмногу „влажните машки погледи“ со очи ширум отворени! Зашто чудата се сепак можни, како што самата фолкерка вели: „Еве да речеме … јас“!
А за хејтерите… Марија „пет пари не дава“ и „око не и трепнува“. За нив има само една гола фото порака што отприлика значи: „Бакнете ми го средниот прст, мразачи“!
А таа гола со јазичето на лижавчето и поглед кој сјае од самодоверба, со нова провокативана порака: „Блескај, заслепи ги, кој ги е*е“!
Порочна, пожелна, провокативна… Можеби не претерано скромна, можеби отровно безобразна и премногу директна, ама затоа отворена и искрена… Тоа е битолската фолкерка Марија Луиса Тодоровска, или како што еден нејзин следбеник на Инстаграм споделил порака која надалеку одекнува и ѕвони:
„Битола нема аеродром, ама има чупиња – авиони“!
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska/d.r.d_media/Драган Ристовски