Радио Милева крај

Марија Килибарда по 12 години ја напушти Прва српска телевизија и се збогува со гледачите

Марија Килибарда по 12 години ја напушти Прва српска телевизија и се збогува со гледачите

Марија Килибарда беше едно од заштитните лица на телевизијата Прва. Ја гледавме во емисиите „150 минути“ и „Супер Србија“, но и во други формати, а сега, дојде време таа да ја напушти телевизијата каде работеше повеќ од една деценија.

– Искрено, ме затекнавте затоа што е уште многу свежо. Поминав дванаесет многу важни и убави години на Прва, а искуството стекнато за сето тоа време и преку осумте различни емисии што ги водев е непроценливо. Тоа е половина од мојот професионален живот, а за вакви големи разделби треба уште малку време, за да се смират емоциите до крај, изјави Килибарда за Блиц.рс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)

Убавата водителка ја видовме во емисијата „Жени“, а водеше и четири сезони од шоуто „Твоето лице звучи познато“. Причината поради која си заминува од Прва, засега е непозната.

фото: Инстаграм/марија Килибарда

To top