Радио Милева сакаа да исценираат скандал?

Марија Груевска бриљираше во „Ѕвездите на Гранд“, а дел од српските медиуми „се фатија“ за татко и: „На попот не му се допадна калуѓерскиот имиџ на ќерка му, па си замина од бекстејџот“?! (ВИДЕО)

Марија Груевска бриљираше во „Ѕвездите на Гранд“, а дел од српските медиуми „се фатија“ за татко и: „На попот не му се допадна калуѓерскиот имиџ на ќерка му, па си замина од бекстејџот“?! (ВИДЕО)

Македонската кандидатка Марија Груевска од Битола имаше мошне впечатлив и забележителен настап во последната емисија на регионалното музичко талент шоу, „Ѕвездите на Гранд“.

Марија, која е дел  од тимот на Александар Милиќ Мили се претстави со песните „Единаесет“ од Марија Шерифовиќ и „Кукла за бал“ од „Парни Ваљак“, а за обата настапа имаше подготвено прилично „егзотичен“ стајлинг, кој го промени помеѓу двете изведби на песните што ги пееше.

По неколку  минута расправија меѓу славната жири шесторкаа, Саша Поповиќ пресече: „Ја пуштам Марија да одии понатаму“, но и на нејзиниот опонент Селим му дозволи безбедно да оди во баражот!

Сето ова не остана незабележано и во српските медиуми кои будно ги следат случувањата во „Ѕвездите на Гранд“, но не им е прв пат работите да не ги пренесат онака како што навистина се случуваат, туку онака, како што „тие ги виделе“, односно, како што ним им одговара. Веројатно зарадни повеќе причини, но најголемата – сензационалноста по секоја цена и таму каде што ја нема! Заради што поголема читаност, гледаност, повеќе кликови, лајкови, споделувања… Така беше и овој пат, а „мета“ на преувеличување им беше придружбата на нашата Марија во Бекстејџот.

Имено, битолчанката во Белград ја придружуваа нејзиниот татко Дуле, кој е свештено лице, братот и малечката братучетка. Тие будно и проследија обата настапа на нивната Марија, која навистина бриљираше и со изведбата, и со изгледот и имиџот огледани во светскиот сценски стајлинг, што го пофали и самата Карлеуша.

Марија која за првата изведба беше облечена во стилизирана одежда на калуѓерка, истата ја фрли на подиумот соблекувајќи ја за вториот настап, во кој беше облечена налик на стајлинзите на самата Карлеуша,  Џеј Ло или Бијонсе.

Но, некои од српските медиуми апострофирајќи го токму тој момент, напишаа дека на таткото на Марија кој е дел од Македонската Православна Црква, наводно ова не му се допаднало, па не ги чекал коментарите во „собата за емоции“, туку излегол надвор!

Нешто што воопшто не е точно и од видеоснимката се гледа дека Дуле – таткото на Марија, остана до крај да го проследи нејзиниот настап и коментарите и оценките за нејзината изведба од страна на жирито, а заминал од бекстејџот дури откако жирито ги даде своите оценки.

Освен тоа Марија при оценувањето самата потенцираше дека татко и е свештеник и му е најблагодарна затоа што и дозволил токму во калуѓерска одежда да се појави на сцената, па нејзиното минување понатаму, за него ќе биде најголемата награда!

Потврда на ова е видеото на кое веродостојноста на овој момент можете да го видите од 1:36:50 и секунди… А српските медиуми…? Само со нова „пермутација“ заради “исценирана сензација“ која ќе им ја зголеми читаноста, иако е лажна веста!

 

 

To top