Рада Манојловиќ на последниот настап имала многу непријатна ситуација поради еден нејзин фан.
Според пишувањата на српските медиуми, пијан обожавател ја нападнал Рада која се обидувала да спречи скандал, а на крајот реагирало и обезбедувањето.
„Како и секогаш, Рада на сцената излезе расположена подготвена да направи вистинска забава. Штом почна да игра, на мажите им падна вилицата бидејќи пејачката носеше краток фустан. На тоа издание најмногу се израдуваа група на мажи кои беа на “сепаре“ во близина на сцената. Не може да го тргнат погледот од неа“ вели извор кој бил на местото, па тврди дека едно момче се обидело да ја фати Рада и да ја бакне во рака.
„Момчето дојде до сцената, а Рада не го забележуваше. Тој и подари цвеќе за да го добие нејзиното внимание. Таа се заблагодари за цвеќето и продолжи да пее, а тој се изнервира и ја стегна за рака. Бидејќи се обиде да не прави скандал, Рада само се насмеа и се одалечи од него“ вели изворот и продолжува да објаснува.
„Во еден момент, кога започна песната, момчето дојде до Рада и ја повлече за нога, а во ист момент таа прекина со пеење и падна на колена.На лицето и се гледаше страв, а таа се обиде да ја ослободи ногата и да го турне од себе за да не направи скандал. Рада му кажа дека ќе поразговара со него кога ќе заврши настапот. Кога се обиде да го ослободи од себе, од музичарите побара да го викнат обезбедувањето, па така пред сцената стоеа момчиња од обезбедување“ тврди изворот.