Радио Милева сензуална и впечатлива

Мама и тато горди на својата убавица: Мартија Станојковиќ пред нова врата од животот (фото)

Мама и тато горди на својата убавица: Мартија Станојковиќ пред нова врата од животот (фото)

Месец мај е перидот на матурите и еуфоријата која вледее кај средношколците кои зад себе ги оставаат деновите од училишните клупи со избор за вистинското образование понатаму.

Една од нив е и младатата пејачка Мартија Станојковиќ.

 

Како да беше вчера кога малечката кумановка ја гледавме во регионалното шоу „Пинкови ѕвездички“ од каде пошироката јавност ја запозна како едно ултра талентирано малечко девојче.

Денес баш тоа малечко девојче порасна во девојка која стигна до матура и полнолетство, убава и впечатлива девојка, сензуална и маркантна во бел свилен фустан, високи потпетици и едноставна фризура за големиот ден.

Мартија заедно со нејзините родители беше на додолување дипломи во училиштето кое организираше свеченост за матурантите и најблиските.

Матурата е нешто кое се памети, а веруваме дека Мартија ќе го направи вистинскиот избор за себе и ќе ги исполни очекувањта на своите родители.

 

Каков ќе биде нејзиниот избор во поглед на факултет, останува да видиме…

фото:Инстаграм принтскрин/Фејсбук

To top