Крајот на месец декември е резервиран за заокружување на годината, сумирање на впечатоците и извлекување на заклучоци од искуствата на убавите, но и не така добрите нешта.
Тука се декорациите, елките, новогодишните фотосесии и се’ останато за ширање на позитивни празнични вибрации.
View this post on Instagram
За ТВ водителката Александра Пановска Илиевска ова ќе биде втора година по ред како ја дочекува откако стана мајка на ќеркичката Сара која во месец јануари ќе наполни две години.
Тие веќе се во празнично расположение, па во тој дух направија и специјална новогодишна фотосесија на која мама и Сара се како од разгледница.
View this post on Instagram
Облечени во сличен стајлинг, малечката седната на клупичка, а мама клекната до неа зрачи од среќа со широката насмевка.
-Среќата е во малите нешта, никогаш не го заборавајте тоа, наведува Александра која веруваме дека на бројните следбеници им беше мотивација за направат сличен фото спомен за крајот на старата и почеток на Новата Година.
фото:Инстаграм/Александра Илиевска