Радио Милева
среќна и насмеана

Мама Антониа го покажа тукушто родениот син: Македонската пејачка со први фотографии од породилиштето (фото)

Мама Антониа го покажа тукушто родениот син: Македонската пејачка со први фотографии од породилиштето (фото)

Македонската пејачка Антониа Гиговска и нејзината посилна половина и колега музичарот Роберт Спасенцовски, вчера во 12.05 часот попладне станаа родители за прв пат.

Антониа се породи и на свет донесе  здраво и право машко момче кое го крстија Киан.

„Здраво на сите. Сакавме малку момент за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме.
Вчера, во 12.05 попладне, ова мало глувче ми докажа за што вреди да живееш.

Ти си

Мојот крал.

Мојот Зазу.

Мојот малечок.

Мојот син.

Те сакаат мама и тато и никогаш нема да те остават сам!

А сега ве гушкаме и одиме ние да се гушкаме!
Чао“ – напиша таа на социјалната мрежа Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Да потсетиме, Антониа и Роберт се верија во јануари оваа година, кога ја споделија и веста за бременоста, а во брак стапија на 30 април.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска

Останати вести од Радио Милева